Home Шоубизнис Прво огласување на семејството Поповиќ по смртта на Саша

Прво огласување на семејството Поповиќ по смртта на Саша

Саша Поповиќ, директорот на музичката продукција Гранд, почина на 1 март 2025 година во Париз, оставајќи зад себе неутешна сопруга Сузана, ќерка Александра и син Даниел.

Ќерката на Саша Поповиќ се огласи два дена по смртта на својот татко во име на целото семејство и им се заблагодари на сите кои сочувствуваат со нивната болка.

– Благодариме на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашиот бол – семејство Поповиќ – стои на нејзиниот Инстаграм профил покрај фотографија од нејзиниот татко.

Младата Александра, која Саша ја доби во бракот со Сузана Јовановиќ, и покрај големата болка и трагедијата што ја снајде нивната фамилија, собра сила да им се заблагодари на пријателите, познаниците и колегите на нејзиниот татко, кои во овие моменти со сето срце ја поддржуваат семејството Поповиќ.

Да потсетиме, погребот на Саша Поповиќ ќе се одржи на 6 март на Бежаниските гробишта:

– Ја информираме јавноста дека во четврток на 6 март, во Главната конгресна сала на центарот “Сава” во 10 часот ќе се одржи комеморативен собир за основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истото попладне, во 12 часот, семејството ќе прима сочувство во Храмот на светиот апостол Тома на Бежаниските гробишта, каде што во 13:45 часот ќе се одржи опело. Чинот на погребувањето ќе биде во 14:30 – стои во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Софија Вергара му даде посмел изглед на класичниот црн џемпер

Со црн џемпер што ги открива рамениците, Софија Вергара покажа како едноставното плетено п…