Првпат се огласува Хана Икодиновиќ по разводот на татко ѝ
Веста за разводот на славната одбојкарка Маја Огњеновиќ и поранешниот ватерполо репрезентативец Данило Икодиновиќ, по девет години брак, одекна силно во домашната јавност.
Иако, според достапни информации, се разделиле мирно и без драма, јавноста најмногу се интересираше за тоа како на сето тоа ќе реагира Хана Икодиновиќ, ќерката на Данило и пејачката Наташа Беквалац.
Хана јавно не се огласи по повод разводот на нејзиниот татко, ниту даде било каков коментар, но преку социјалните мрежи испрати јасна порака дека е насочена кон нови животни предизвици.
Имено, таа неодамна отпатува во Мадрид, каде ќе го продолжи своето школување, а на Инстаграм може да се забележат фотографии и видеа од шпанската престолнина.
На една од последните објави, таа е во друштво на мајка ѝ Наташа Беквалац, со која заедно отпатува во Шпанија. Двете заедно се прошетале низ прометните улици на Мадрид, видно расположени и насмеани.
Познато е дека Хана има близок однос не само со мајка ѝ, туку и со Маја Огњеновиќ, втората сопруга на нејзиниот татко.
Тие две одлично се разбираа, а Хана често поминуваше време со татко ѝ и Маја. Еднаш беа фотографирани како заедно уживаат на ручек во еден популарен ресторан во Белград, што беше јасен показател за искрен и пријателски однос меѓу нив.
Да потсетиме, последното заедничко појавување на Данило Икодиновиќ и Маја беше во јуни годинава, на матурската прослава на Хана Икодиновиќ. Тогаш се појавија како среќно семејство, насмеани и сплотени, и никој не можеше да претпостави дека само неколку месеци подоцна нивниот брак ќе заврши.
Хана, според сè, избира да не ги коментира јавно приватните околности од животот на своите родители, туку преку објави на социјалните мрежи покажува дека храбро зачекорува во ново животно поглавје.