Прво гласање на Македонија за прием на нови членки во НАТО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија ги ратификуваше протколите за зачленување на Шведска и Финска во НАТО откако овие две држави поради безедносната криза во украина и заканите од Русија решија да ја напуштат децениската неутралност и да се придружат на Алијансата.

Зелено светло за нивното членство дадоа дури 103 пратеници од власта и опозицијата. Против беа само двајцата пратеници на Левица. На гласањето, што е прво за ваква одлука откако Македонија стана земја членка на Алијансата, присуствуваа државниот врв и дипломатскиот кор во земјата.