Home Шоубизнис Први фотки од провокативниот нов филм со Џенифер Лопез и Карди Би

Први фотки од провокативниот нов филм со Џенифер Лопез и Карди Би

Џенифер Лопез реши повторно да се врати во филмските води, па за таа цел, како партнерки во нејзиниот повторен актерски обид ги одбра колешката Карди Би и актерката Лили Рајнхарт.

Cosmopolitan пренесува неколку првични фотографии од снимањето на дел од сетовите за новиот филм „Hustler“.

Приказната за филмското дејство е инспирирана од статија која беше објавена во New York Magazine во 2016 година. Дејството ја следи групата бивши стриптизерки кои се здружуваат со цел да им се одмаздат на клиентите од Волстрит.

Уште не е познато која каква улога ќе има, но се знае дека ликот на Џеј Ло во филмот ќе се вика Рамона.

„Ноќна мора ми е само да размислувам за тоа. Се разоткривам себеси на начин на кој никогаш не сум се разоткрила во ниту еден свој филм претходно“, изјави Лопез на прашање за сцените на кои изведува стриптиз и кои ќе бидат дел од филмот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …