Протекоа нови тајни американски документи – го шпионирале првиот човек на Обединетите нации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на САД верува дека генералниот секретар на Обединетите нации е премногу спремен да им удоволи на руските интереси, покажуваат нови тајни документи на Пентагон кои протекоа во јавност. Документите покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Антонио Гутереш.

Неколку документи ја опишуваат приватната комуникација меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и забелешките на Гутереш за војната во Украина и за низа африкански лидери.

Еден документ кој е објавен е фокусиран на црноморскиот договор за житарките, кои во јули го посредуваа ОН и Турција поради стравот од прехранбена криза. Сугерираат дека Гутереш бил толку заинтересиран за зачувување на договорот што бил спремен да им удоволи на интересите на Русија, пренесува Би-би-си. „Гутереш ги истакна своите напори да ја подобри извозната способност на Русија“, се наведува во документот, „дури и ако тоа вклучува санкционирани руски субјекти или поединци“.

Неговите постапки во февруари, според Американците, биле „поткопување на пошироките напори Москва да се повика на одговорност за своите постапки во Украина“.

Кажувајќи дека нема да ги коментира документите кои протекоа, еден висок функционер кажа дека ОН „се водени од потребата да се ублажи влијанието на војната на најсиромашните во светот“. „Тоа значи да се направи сè што можеме за да ја снижиме цената на храната и да обезбедиме ѓубривото да им биде достапно на оние земји на кои најмногу им треба“, кажа тој.

Друг документ кој датира од средината на февруари опишува разговор меѓу Гутереш и неговата заменичка Амина Мохамед. Во него Гутереш изразува вџашеност од повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен Европа да произведува повеќе оружје и муниција за Украина.

Американскиот портпарол за национална безбедност Џон Кирби кажа за Би-би-си дека американската влада прави сè за да го открие изворот на протекувањето на документите.