Home Вебкафе Пронајдена најголемата пчела на светот!

Пронајдена најголемата пчела на светот!

Најголемата пчела во светот, која се сметаше за исчезната, повторно е откриена во Индонезија. Таа последен пат била забележана од научниците во 1981 година по што се сметало дека исчезнала.

Меѓутоа, една женка е пронајдена и документирана годинава на еден индонезиски остров, соопштија од Австралискиот универзитет и други групи научници.

Пчелата Megachile pluto, исто така позната како гигантската пчела на Валас, именувана по британскиот истражувач Алфред Расел Валас, кој ја открил, била забележана во јануари во индонезиската островска група Молуккас од меѓународен тим истражувачи што бараат ретки видови.

„Во услови на документирано глобално намалување на разни видови инсекти, прекрасно е да откриеме дека овие видови сè уште постојат“, вели Симон Робсон, почесен професор по еколошки науки на Универзитетот во Сиднеј.

Пчелите ги прават своите гнезда во термитни гнезда, а тимот го пронајде единствениот женски џиновски примерок на пчела во термитско гнездо во дрво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…