Променливо облачно со попладневен дожд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне во западниот дел од земјата се очекува слаб локален дожд, додека на повисоките планини снег.

По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до седум степени. Од недела поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.