Home Актуелно Променливо облачна среда

Променливо облачна среда

Денес, среда, времето во земјава ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…