Home Актуелно Променлив и нестабилен четврток

Променлив и нестабилен четврток

Денеска, четврток, 28. јули, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 33 Целзиусови степени, Маврово 24, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 29, Берово 30, Кавадарци 35, Дојран 36.

Од утре се враќа сончевото и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 28 до 38 степени. Во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…