Home Актуелно Променлив четврток со сонце и дожд

Променлив четврток со сонце и дожд

Денеска, четврток, 25. мај, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневна температура до 26 Целзиусови степени. Маврово 18, Охрид 22, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 28, Дојран 29.

Утре претпладне ќе имаме променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневбите температури ќе се движат од 18 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…