Home Живот и здравје Промени на градите што не смеете да ги игнорирате

Промени на градите што не смеете да ги игнорирате

Промени на градите што не смеете да ги игнорирате

Секоја промена на градите може да биде знак за рак, па доколку забележите нешто необично, не одложувајте ја посетата кај лекар.

За многумина од нас, градите се еден од деловите од телото на кој ретко обрнуваме внимание. Меѓутоа, важно е да се грижиме за нив и да ги следиме сите можни промени. Само така ќе бидете чекор понапред кога се работи за вашето здравје.

Цврста маса или грутка во градите

Мека маса што се движи под кожата најверојатно е циста исполнета со течност. Ако грутката е цврста и не се поместува, можно е да се работи за бенигна промена, но задолжително консултирајте се со лекар за преглед.

Осип на брадавиците

Ако приметите осип, црвенило или траги слични на каснување од инсект околу брадавиците, и тие не исчезнуваат со недели, тоа може да биде ран симптом на некој тип на рак на дојка.

Збрчкана кожа на градите

Доколку кожата на градите изгледа како кора од портокал – збрчкана и со нерамномерна површина, тоа може да укажува на блокада во лимфните јазли и да биде знак за инфламаторен рак на дојка.

Младеж или белег што менува боја или форма

Иако ракот на кожа најчесто се појавува на нозете, и градите може да бидат изложени на опасност. Внимавајте на младежи со неправилни рабови, нерамномерна боја, асиметрија или големина што се зголемува. Секоја таква промена треба да се испита од страна на дерматолог.

Покрај самопрегледот што редовно треба да го правите дома, не заборавајте да го замолите гинекологот да изврши и преглед на градите при вашата годишна контрола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…