Home Актуелно Пролетно топол петок – уживајте на пријатното време

Пролетно топол петок – уживајте на пријатното време

Првиот мартовски петок во Македонија го продолжува трендот на топло време кое го имавме во изминатите денови. Денеска максималната температура ќе се искачи до 20 степени, додека минималната во одредени делови ќе биде во минус.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од утре во Македонија ќе има промена на времето и ќе има пониски температури, наоблачување, дожд, на планините снег, а ќе дува и северен ветер. Овој тренд ќе трае до недела, а од понеделник повторно се очекува зголемување на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…