“`html
Тексасот секогаш ќе биде дел од нашиот гардероб, било да е во форма на фармерки, јакна или здолниште.
Пролетта е идеално годишно време за носење облека од овој материјал бидејќи можете целосно да се впуштите во креирање на различни комбинации и да испробате нови трендови кои доаѓаат со секоја нова сезона.
Оваа година, заменете ги класичните фармерки со интересни модели како оние со нерамни или неиспоробени рабови, широки ногавици, редови копчиња или “мама” фармерки украсени со цветен вез кој ќе го освежи секој стил. Брэндот Gucci успешно го вовлече везот на пазарот на мода, а на многумина им се допадна оваа малку ретро идеја. Таквите фармерки можете и самите да ги направите, со помош на конец, игла и апликации што можете да ги купите било каде. Што се однесува до неиспоробените ногавици и асиметричните рабови, доволно е да погледнете неколку слики за да откриете како се прави тоа. Овие фармерки, покрај тоа што ќе ја откриваат вашата обувка (патики, сандали, балетанки…), ќе изгледаат шик, модерно и многу лежерно.
Освен фармерките, оваа пролет тексасот ќе биде популарен и во форма на големи јакни од класичен крој, обувки, аксесоари, палта, фустани и кошули. Сè што можете да замислите од облека – може да биде и во тексас варијанта која ќе изгледа уште подобро.
Во галеријата издвоивме модерни аутфити од тексас кои ќе ве инспирираат за креирање нови модерни комбинации и ќе го направат овој универзален материјал вашиот омилен моден сојузник.
“`