Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Цените ќе растат во следниот период, а стабилизација се очекува од следната година. Вакви се очекувањата на Светска Банка, од каде прогнозираат дека оваа година инфлацијата во земјава ќе изнесува 2,4%. Растот на цените го дефинираат како привремена појава поради наглото зголемување на побарувачката.
Сојузот на синдикати на Македонија и денеска побара зголемување на платите, очекувајки дека бранот поскапувања сериозно ќе ги осиромаши граѓаните.
„Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока е и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата“, предлагаат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Светска банка оценува дека политичката нестабилност во регионот ќе ги забави инвестициите, а јавниот долг ќе продолжи да расте но, со побавно темпо.
Светска банка ја зголеми проекцијата за економски раст на земјава за оваа година, од 3,6 на 4,6%. Тоа е резултат на темпото со кое државата се опоравува од кризата што ја наметна пандемијата. Но, предупредува дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до нов бран на ширење на вирусот, а со тоа и повторно воведување рестрикции и нови економски потреси.