Приведени Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски

Полиција го приведе поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО -ДПМНЕ, Трајко Вељановски, но и поранешниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Од куќен притвор до судија на претходна постапка попладнево е однесен и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Сите се приведени во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Во истрагата за организација, планирање и нарачка на крвавиот напад засега има шест лица. Осомничен е и Никола Груевски, но тој е во бегство, односно доби азил во Унгарија.

Уапсените лица се изведени пред судија на претходна постапка.