Home Мода и убавина Природни и евтини маски за затегнување на лицето

Природни и евтини маски за затегнување на лицето

Сакате затегната и мазна кожа? Вие сте на вистинското место!

Денес постои сè поголем број жени кои не можат да си дозволат скапи третмани во салони или ботокс, но затоа постои алтернатива – природни препарати кои секоја од нас ги има во кујната и за кои не треба да се потроши многу пари. Притоа, точно ќе знаете што ставате на вашето лице, а ризикот од алергии или несакани ефекти е речиси еднаков на нула.

Во продолжение, ви претставуваме три ефикасни маски за лице кои можете самите да ги подготвите дома и да ѝ дадете на кожата природен сјај и затегнат изглед. Секако, за да забележите вистински резултати потребно е трпение – но резултатите се и повеќе од вредни!

Маска број 1

Состојки:

– 1 белка од јајце
– половина лажица природен мед
– половина лажица сок од лимон

Подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки додека не се соединат. Пред нанесување на маската направете пилинг на лицето (со пченкарно брашно или средство што веќе го користите), па нанесете ја маската рамномерно врз целото лице. Држете ја околу 10 минути и исплакнете со млака вода.

Со оваа маска, брчките околу очите и усните ќе бидат помалку видливи, а кожата ќе стане свиленкасто мека. Затегнат изглед е загарантиран.

Маска број 2

Состојки:

– 60 мл кокосово масло
– 2 лажици чисто шеа путер
– 2 лажици сурово какао путер
– 1 лажица витамин Е масло
– 1,2 мл етерично масло од портокал

Подготовка:

Во огноотпорен сад ставете го шеа и какао путерот заедно со кокосовото масло и растопете ги на пареа. Потоа додајте го витаминот Е и етеричното масло од портокал. Нежно мешајте додека сè не се соедини (и натаму на пареа). Отстранете од огнот и оставете да се олади, потоа ставете ја смесата во фрижидер 20 до 30 минути, додека не се стегне.

Кога ќе ја извадите од фрижидер, измешајте ја со миксер додека не добиете мазна и мека смеса. Истата одложете ја во мали садови со капаче или во празни кутивчиња од креми. Оваа маска целосно ја обновува кожата, правејќи ја баршунаста и сјајна.

Маска број 3

Оваа маска е вистинска „бомба“ против брчки! Верувале или не – со само три состојки кои сигурно ги имате дома, ќе добиете резултат кој може да се мери со ботокс!

Состојки:

– 1 супена лажица павлака
– 1 лажица густин
– 5 лажици свеж сок од морков
– вода

Подготовка:

Густинот растворете го во 1 децилитар вода, додека во друга мала шерпа загрејте уште 1 децилитар до вриење. Додајте го густинот и варете на тивок оган додека смесата не се згусне малку, потоа отстранете од оган. Оставете да се олади, потоа додајте ја павлаката и свежиот сок од морков и добро измешајте.

Начин на употреба:

Прво направете темелен пилинг за да ја отстраните нечистотијата и вишокот маснотија од лицето. Потоа нанесете ја маската и оставете ја околу 20 минути. Исплакнете со млака вода. Првите резултати ќе ги забележите по 72 часа, па затоа се препорачува секојдневна употреба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…