Home Вебкафе Прежеднетите швајцарски крави вода ги снабдуваат со воени хеликоптери

Прежеднетите швајцарски крави вода ги снабдуваат со воени хеликоптери

Швајцарија вклучи воени хеликоптери во акцијата за снабдување на швајцарските сточари во планинските предели со вонредни залихи вода, каде илјадници крави страдаат од жед поради недостиг од вода.

Големи црвени пластични контејнери висеа под хеликоптерите „Super Puma“, носејќи вода до фармите во планините Јура и подножјето на Алпите.

Локалните власти информираа дека околу 40.000 крави паселе летото на високи пасишта во кантонот Вауд во западна Швајцарија, а секоја имала потреба за 150 литри вода дневно.

Два големи басени се полнат со вода за да можат фармерите кои имаат земјиште пристапно со пат да ги полнат своите резервоари.

Откако операцијата беше објавена минатиот петок, неколку десетици земјоделци преку специјална телефонска линија побарале помош од хеликоптерите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…