Home Актуелно Претеседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ добиваат бугарски пасоши – ќе им ги врачи лично Радев

Претеседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ добиваат бугарски пасоши – ќе им ги врачи лично Радев

Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, претседател и секретар на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше затворен, ќе добијат бугарско државјанство.

Бугарските пасоши ќе им ги врачи бугарскиот претседателот Румен Радев, а потпретседателката Илијана Јотова ги потпишаа уредбите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Во март македонската Влада одлучи дека центарот не може да го носи името на „Ванчо Михајлов“ со образложение дека тоа е „провокација на националните чувства на македонскиот народ“ и побараа клубот да се преименува.

Откако тоа не се случи и по донесените измени на Законот за имињата на здруженијата и фондациите, бугарскиот центар во Битола беше затворен.

Обвинителството поднесе пријава за поттикнување омраза против претседателот на здружението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…