Home Живот и здравје Престанете да им купувате гумени играчки на децата – еве ја причината за оваа препорака

Престанете да им купувате гумени играчки на децата – еве ја причината за оваа препорака

Резултатите од научното истражување кое го направија швајцарските и американските научници утврдија дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со различни бактерии, поради што се препорачува да не им купувате на децата играчки од ваков материјал.

Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.

Но, тие уште се на продажба и родителите често ги купуваат. Затоа, апелот е објавен повторно, а во него научниците велат ваквите играчки да не им ги купувате на децата.

Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“, во четири од пет играчки.

Меѓу пронајдените бактерии биле и легионела и псевдомонас аеругиноса, бактерии што често се поврзуваат за болнички инфекции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Како вежбањето ќе ви помогне да изгледате помладо?

Вежбањето може да придонесе за вашата „вечна младост“ и ова го потврдиле бројни истражувањ…