Home Шоубизнис Пресно и „жешко“ од сарајлиите „Лету штуке“ (видео)

Пресно и „жешко“ од сарајлиите „Лету штуке“ (видео)

Сараевската поп-рок група „Лету штуке“, ја претстави својата нова песна со наслов „Супермаркет“, а воедно го промовираше и нивниот нов спот за истата. „Супермаркет“ е втор сингл од најавениот, четврт по ред, студиски албум чие излегување се очекува кон средината на оваа година.

„Супермаркетот е собирен центар за различни ликови и класи. Место кое може да послужи како пресек на состојбата на модерното општество и менталитет. Нашиот нов сингл, всушност, е една полуљубовна песна за едно полуопштество“, вели авторот на песната и член на „Лету штуке“, Дино Шаран.

„Идејата на режисерот Адмир Швракиќ е на симболичен начин да го претстави транзицискиот феномен на половичност и површност, консумерскиот начин на размислување. Тоа, секако, не е револуционерна идеја, но е наш придонес за нештата да се видат од повеќе различни агли“, додава тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …