Home Рецепти Предлог за велигденска трпеза: фит полнети јајца

Предлог за велигденска трпеза: фит полнети јајца

Предлог за велигденската трпеза: фит полнети јајца

Ако ви недостасува инспирација за овогодинешниот Велигден, имаме одлична идеја за вас.

Јајцата полнети со мајонез се вкусни и пикантни, но ние ви нудиме поздрава варијанта. Запознајте го рецептот за велигденски јајца полнети со кремаво авокадо!

Јајца полнети со авокадо

Состојки:

– 4 јајца
– сок од еден лимон
– едно авокадо
– една лажица природен јогурт
– една лажица семки од калинка
– прстофат сол
– парче сирење
– зачини: бибер, нане, сува пиперка…

Сварете ги јајцата пет до седум минути за да бидат цврсто варени. Пресечете ги на половина со нож и внимателно извадете ги жолчките. Испасирајте ги жолчките со виљушка и измешајте ги со пулпата од авокадо, јогуртот, сокот од лимон и зачините. Со добиениот фил наполнете ги половинките од јајцата, посипете со свеж магдонос и украсете ги со парче сирење и семки од калинка.

Уживајте во ова вкусно јадење и искористете ги велигденските јајца на највкусен можен начин!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

4 начини како да зготвите пченка

4 начини за подготовка на пченка Ви предлагаме неколку едноставни начини да подготвите сез…