Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ загуби уште еден пратеник – Хасани преминува во независен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јусуф Хасани, пратеник од Демократската партија на Турците, вчера во македонското Собрание соопшти дека излегува од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во иднина тој ќе продолжи да делува како независен пратеник.

Со тоа Хасани го следеше чекорот на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, и на пратеникот избран како кандидат на ГРОМ, Чедомир Саздовски, кои неодамна почнаа да делуваат како независни пратеници, надвор од коалицијата на ДПМНЕ.

На тој начин се отвора простор за зголемување на парламентарното мнозинство, кое се оддржува на стаклени нозе.