Home Живот и здравје Прашање на летото: ДИНЈА против ЛУБЕНИЦА – која победи во ова сочно летно дуело?

Прашање на летото: ДИНЈА против ЛУБЕНИЦА – која победи во ова сочно летно дуело?

Печи сонце, зуи климата, а фрижидерот? Преполн со летни фаворити: диња и лубеница.

Две вистински кралици на сезоната што го освојуваат и непцето и Instagram фидовите. Студени, слатки, освежителни – и нискокалорични. Но, ако мора да се одбере – која победува во оваа витаминска пресметка?

ДИЊА – ЗЛАТНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ВКУСОВИ

Ова медено овошје не е само летен класик – туку вистинска beauty & health бомба во парчиња:

Калиум – го одржува балансот на електролити, особено важен кога летно се потиме и со душата
Витамин Ц – поддршка за имунитетот и заштита на кожата од УВ-стрес
Бета-каротен – ја прави кожата сјајна, а срцето здраво
Аденозин – природен заштитник на крвните садови
Витамин Б6 – за подобра концентрација, расположение и помалку стрес
Влакна – повеќе од лубеницата = чувство на ситост што трае

Дињата е како медено сонце во чинија – мирисна, кадифена и неодолива.

ЛУБЕНИЦА – КРАЛИЦА НА ЛЕТНАТА ХИДРАЦИЈА

Кога ќе помислиш на лето, прва асоцијација? Лубеницата, секако! Таа црвена бомба од освежување има повеќе од 90% вода – совршен избор против летната жед.

Ликопен – антиоксиданс суперхерој, го штити срцето и го намалува ризикот од рак
Витамини Ц и А – штитат кожа, имунитет и свеж изглед
Цитрулин – во белиот дел од кората, помага за циркулација и здравје на крвните садови
Ултра-хидратација – идеална по тренинг, на плажа или кога жештината го топи и умот

Лубеницата е летен „чил“ во форма на овошје. Лесна, освежителна, вистинска природна спа вода!

СОЧНА ПРЕСМЕТКА ДО ПОСЛЕДНОТО КОЦКЕ – КОЈА ПОБЕДУВА?

Нутриционистите ѝ даваат мала предност на дињата – еве ги бројките што откриваат зошто:

На 100g
🍈 Диња | 🍉 Лубеница

Калории: 34 | 30
Вода: 90,15 g | 91,45 g
Шеќери: 7,86 g | 6,2 g
Влакна: 0,9 g | 0,4 g
Калциум: 9 mg | 7 mg
Калиум: 267 mg | 112 mg
Витамин Ц: 36,7 mg | 8,1 mg
Фолна киселина: 21 mg | 3 mg

ФИНАЛНА ПРЕСУДА?

Дињата води кога се во прашање витамините, минералите и влакната, а лубеницата блеснува во хидратацијата и леснотијата. Најдобар совет? Не избирај – уживај во двете!

Измешај ги во овошна салата, смути, замрзи ги како сладолед или грицкај ги директно од фрижидер.

Затоа што… летото е прекратко да се откажеш од совршенството!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Кардамом – тајниот ароматичен бисер што го преобразува здравјето од самиот корен

Во Индија го нарекуваат крал на зачините, а остатокот од светот го третира како мал, мирис…