Home Шоубизнис Познатата блондинка преминува на „темната страна“: Делевињ радикално го менува имиџот

Познатата блондинка преминува на „темната страна“: Делевињ радикално го менува имиџот

Славната манекенка Кара Делевињ е позната по нејзината навика и опсесија да експериментира со модните стилови, но и со имиџот и фризурите.

Иако е најпозната како блондинка, Кара сега радикално се префрли на целосно црна боја на косата.

Како што нејзината фризерка Мара Розак објави на својот Инстаграм, манекенката стана црнка и ја замени малку подолгата коса со популарна боб фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mara Roszak (@mararoszak) on

Кара изгледа скоро непрепознатлива со својата нова фризура, а многу нејзини обожаватели ја поздравија одлуката и и рекоа дека доста потсетува на Руни Мара во „Девојчето со тетоважа со змеј“.

Инаку, Мара Розак потврди дека на фотографиите Кара носи перика, што било тест за вистинска промена на фризурата на манекенката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …