Пожар го зафати и скопско Кучково – граѓаните на 40 Целзиусови оставени без вода за пиење


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Центарот за управување со кризи потврдија дека пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково.

За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.

Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.

На мејлот на МИА стигна и писмо потпишано од жители на селото Кучково, во кое наведуваат дека пожар го зафатил селото и упатуваат апел да се реши проблемот со водата.

– Почитувани медиуми вие сте нашиот спас, ПОМАГАЈТЕ! Општината не се јавува на нашите повици. Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме! Во селото живееме само постари луѓе ако зафати тешко ќе може да се спаси нешто, се наведува во писмото.