Обидете се со позата „еднорог“ и заборавете на традиционалните сексуални пози.
Малкумина слушнале за оваа поза, но време е да откриете нешто ново и да внесете свежина во вашата интимна рутина, особено ако сакате да избегнете досадна еднообразност во спалната соба. Ако веќе не ви се возбудливи класичните сексуални пози, задолжително пробајте ја позата „еднорог“. Таа ветува интензивни оргазми и длабока пенетрација која ќе ве изненади позитивно.
Како изгледа позата „еднорог“?
И двајцата партнери треба да легнат на страна, со лицата свртени во ист правец. Тело до тело, позицијата потсетува на познатата „лажичка“. Партнерот треба нежно да ја префрли својата нога преку телото на партнерката, така што стапалата да се допираат. Истовремено, партнерот подига една нога вертикално нагоре, ослонувајќи се на лактот и држејќи ја ногата под коленото за поддршка.
Оваа поставеност му овозможува на партнерот да има слободна една рака, со која може да ги милува и стимулира ерогените зони на партнерката. Тој исто така го диктира темпото и длабочината на движењето, што дава можност за прилагодување според желбите.
Позата „еднорог“ бара малку флексибилност од страна на партнерката и кондиција од партнерот. Но ако сте подготвени на експериментирање и сакате нови сензации во спалната соба, оваа поза ќе внесе ново ниво на страст и интимност.