Повеќекратниот џиу-џицу шампион Марданов убиен пред неговата куќа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот свет на боречките вештини беше погоден од веста за убиството на повеќекратниот џиу-џицу шампион, Видади Мардaнов.

Марданов беше убиен завчера вечерта пред својата куќа во Дагестан, а сега се појави и снимка од убиството. Руските медиуми објавија снимка од камерата пред куќата Мараданов и на истата се гледа како двајца го напаѓаат и го соборуваат на земја.

Напаѓачите веднаш го напуштаат местото на настанот, додека борецот немал никакви шанси да го преживее нападот. Настанот се случил околу четири часот наутро. Набрзо полицијата ги идентификуваше двајцата напаѓачи и во прашање се Тимур Асад (27) и Абдумислим Муртазалиев (23).

„Мардaнов бил повикан на физичка пресметка, а кога излегол пукале во него и побегнале“, соопштиле од полицијата.

Иако се идентификувани, Асад и Муртазалиев се уште се во бегство и полицијата трага по нив.