Потврдени 14 имиња на кандидати за прв човек и останати членови на Државната изборна комисија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со 11 гласа „за“ ниту еден против или воздржан, собраниската комисија за прашања за избори и именувања ги потврди имињата на 14 кандидати од кои што треба да се избере нов претседател, потпретседател и 5 членови на Државната изборна комисија.

И покрај заложбите за членови на комисијата да се избираат непартиски, сепак од листата на имиња е забележително дека изборот сепак ќе биде по предлог на партиите.

На листата се имињата на екс-претседателот на комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, за кој е извесно дека ќе биде и нов претседател на ДИК откако опозициска ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да даде поддршка за неговиот избор. Досегашните членови од редовите на СДСМ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристевска во обид за нов мандат, како и членката од ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Постоловска, како и Дитмире Шеку од ДУИ. Но, меѓу фаворитите за избор се вборјува и екс заменик министерот за правда, Оливер Ристовски. Кандидат е и досегашната портпаролка на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска Филипоска. Се очекува Кренар Лоџа да биде претставник во Комисијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, која по последните парламентарни избори го презеде приматот во албанската опозицја од БЕСА

Согласно законот, опозицијата има тројца членови меѓу кои и претседателот на Комисијата. На предлог на владејачките партии пак се четворица, од кои еден е потпретседател.

Составот на комисијата се избира со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Изборот на нов состав доаѓа во пресрет на локалните избори наесен годинава и по истекот на мандатот на актуелниот состав. Против дел од сегашните членови и претседателот Оливер Дерковски поради нерегуларности поврзани со набавката на софтверот за предвремените парламентарни избори одржани во јули лани.