Потврден обид за убиство на Заев – обвиненија за 30 лица за крвавиот четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Преку соопштение од страна на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески беше објавено дека Основното јавно обвинителство поднесло обвинителни акти против 30 лица за гонење на организиран криминал и корупција, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело, пренесува Нова ТВ.

Јовески рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок и безбендост на РМ со акт на насилство и создале страв кај граѓаните. Јовески рече дека е уверен оти во текот на судската постапка ќе се докаже дека сите обвинети извршиле поврзании усосгласени дејства.

Обвинителката Елизабета Недановска, образложувајќи го обвинителниот акт, рече дека во овој случај имало вкуѕпно 35 обвинети. За 4 лица за кои ОЈО водело постапка, таа е прекината биејќи во моментов не се достапни на органите на прогонот, а постапката ќе продолѓи по нивно пронаоѓање.

За едно лице, пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена, бидејќи не се обезбедени докази.

Како што рече Недановска, Обвинителството утврдило дека со намера да го загрозат уставниот поредок и да оневозможат да изберат претседавач и претседател на Собранието, предизбикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратеници, новинари, службени лица, вработени во Собранието и предизвикале и страв кај граѓаните.

Објаснувајќи ги обвинениејата, Недановска откри дека во прес центарот, додека траел нападот, едно од обвинетите лица ги насочувал кон пратеникот Зоран Заев, при што еден од обвинетите посегнал кон пиштол, но не испукал бидејќи пратеникот бил заштитен од друго лице.

Како што рече недановска, притоа, обвинетите ги користеле сите предмети до кои дошле, за да им нанесат повреди на оштетените пратеници и новинари. исто така поставиле и две импровизирани експлозивни направи во законодавниот дом.

Двајца од обвинетите припадници на МВР кои се обвинети за помагање во извршување на ова дело одзеле два хард дискови за да ги прикријат трагите од насилниот упад во Собранието, се вели во обвинитилниот акт.

Исто така, истрагата утврдила дека во организирањето на настаните од 27 април во Собранието биле вклучени одреден број засега непознати лица за кои истражните дејства продолжуваат во ОЈО.

Недановска рече дека Обвинителството со подесување на обвинителниот акт поднеле и барање за продолжување на мерките притвор и домашен притвор.