Home Живот и здравје Постои причина зошто се чувствувате особено изморени за време на менструација

Постои причина зошто се чувствувате особено изморени за време на менструација

Кога се соочувате со грчеви, крвавења и сите останати непријатности што ги носи менструацијата, природно е да посакувате што побрзо да се чувствувате подобро.

Во тој период навистина ни е потребна добра енергија за полесно да ги пребродиме сите предизвици што ги носи менструалниот циклус. За жал, токму тогаш енергијата ни се троши најмногу. И всушност, постои медицинска причина зошто сме толку исцрпени во тоа време од месецот.

Десет дена пред почетокот на менструацијата, телото се „надева“ дека јајце-клетката ќе се спои со сперматозоид и ќе започне бременост. Но, кога не доаѓа до оплодување, хормоните кои биле неопходни за бременоста стануваат неважни, па нивото нивно нагло паѓа. Оваа промена од високи хормони до речиси нула влијае на телото и го втурнува во состојба на замор.

Нивото на хормони повторно почнува да се покачува отприлика една недела по почетокот на менструацијата, а својот врв го достигнува за време на овулацијата (околу две недели по почетокот на циклусот). Колку се повисоки хормоните, толку повеќе енергија имате.

Во деновите кога се чувствувате како „зомби“, важно е да се обидете да останете активни, да внесувате доволно течности, да јадете редовни и здрави оброци и да спиете барем 8 часа навечер.

Но, доколку ништо од ова не помага, запомнете дека енергијата ќе се врати за неколку дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …