
Внукот на Боба Живојиновиќ денес наполни шест години
Роденденот го слави внукот на Боба Живојиновиќ, и тоа последниот пред да тргне во училиште. Според годините, малиот Александар е во предучилишна возраст, а од септември ќе биде првоодделенец.
Гордите мама и тато се возбудени поради сѐ што следи, најпрво поради приновата, на која и Александар се радува, а потоа и поради новите искуства што ќе го направат повозрасен.
Пресреќен е што ќе добие сестра, што ќе ја запознае својата учителка, но и што ќе го прослави својот ден со другарчињата.
Бидејќи денес беше погребот на Саша Поповиќ, кумот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, јасно беше дека семејството нема да слави.
Скршени од болка, прво поради комеморацијата, а потоа и поради самиот погреб, пејачката и тенисерот се вратија дома, со намера да му честитаат на својот внук во вечерните часови и барем со торта да го одбележат овој ден.
Меѓу првите што му честитаа беше и баба му Борка Михајловиќ. Со фотографија со својот миленик, напиша:
“Денес наполни 6 години, а веќе го направи мојот живот поубав на начини што не можам да ги опишам. Заедно ќе врвиме низ сите твои соништа и желби, и секогаш ќе бидам тука да те сакам и поддржувам.”
“Среќен роденден за златото на баба му,” истакна Борка, додека и стрико му Виктор Живојиновиќ се огласи со фотографија.