Home Актуелно Понеделник носи сончево и топло време

Понеделник носи сончево и топло време

Овој јулски понеделник времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. Маврово 22, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 33.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…