Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 22. мај, претпладне во Македонија ќе имаме сончево време со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневна температура од 24 Целзиусови степени. Маврово 15, Охрид, Битола и Берово 19, Крива Паланка 20, Кавадарци 24, Дојран 25.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…