Понеделничка временска прогноза


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Последниот февруарски понеделник во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.