Понеделничка временска прогноза


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денеска, 14. ноември, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Дневните температури ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност и дневна температура до 15 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност.