Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска, понеделник, 8. август, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 35 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 30, Битола и Крива Паланка 32, Берово 29, Кавадарци 36, Дојран 37.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови претежно во северните делови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.