Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, понеделник, 24 август, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32,Маврово 25, Охрид 30, Битола 31, Крива Паланка и Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 36 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град.