Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој велигденско-карантински понеделник, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер северен и северозападен правец. На планините врнежите ќе се од снег.

Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната температура од 17 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и од средината на денот ќе почнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 22 степени. Маврово 19, Охрид 22, Битола 21, Крива Паланка 22, Берово 17, Кавадарци 26, Дојран 25 степени.

Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни (над 25 л/м2) и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.