Сезоната на празници за многу луѓе е омилен дел од годината, и тоа поради повеќе причини.
Најважното е што овие денови претставуваат пауза од секојдневните обврски и ни нудат можност да поминеме повеќе време со најблиските. Секако, празничната атмосфера, светилките и божиќните украси позитивно влијаат врз нашето расположение.
Колку што се приближуваме до Божиќ, толку се почести поканите на дружења со пријатели и роднини кои долго не сте ги сретнале. Доколку веќе сте договориле божиќен ручек со вашите другарки и се прашувате како да внесете доза гламур во лежерната комбинација, во продолжение ќе најдете пет идеи што ќе ви помогнат да го постигнете саканиот изглед.
1. Облечете топ или кардиган со металик детали
Малите, но впечатливи металик акценти на топови и кардигани веднаш внесуваат празничен сјај во вашата облека. Изберете парчиња со златни или сребрени конци, лурекс или суптилни светкави елементи.
2. Комбинирајте го плетениот комплет со гламурозни додатоци
Плетените ансамбли може да изгледаат навистина модерно ако ги збогатите со внимателно избрани аксесоари – впечатлив накит, елегантна чантичка или впечатливи чевли ќе ја подигнат целата комбинација.
3. Додајте блескав накит на изгледот
Накитот со кристали или циркони може да ја преобрази целата комбинација. Сјајните обетки или огрлица се совршени додатоци за да го нагласите лицето и да му дадете живот на едноставен стајлинг.
4. Облечете свечена кошула
Наместо обична блуза, изберете кошула од свила, со чипка или со интересни детали. Таквиот избор изгледа елегантно, а вие нема да вложите многу напор за да изгледате средено.
5. Освежете ја облеката со светкави хулахопки
Ако сте одбрале здолниште или фустан, светкавите хулахопки се совршен детаљ што ќе го збогати изгледот и ќе му даде дополнителна доза на гламур.