Почнаа да му вртат грб: Кожувчанка побара од Лазаров да го тргне логото од Синалко после скандалозното интервју со Латас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Компанијата Кожувчанка, чиј производ е и популарниот сок Синалко, а чие лого е истакнато на поткастите од Стефан Лазаров, побара од јутјуберот да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Првиот човек на Кожувчанка, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за „Фокус“ изјавил дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со Синалко најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.

-Кожувчанка, односно Синалко е компанија која е општествено одговорна и каде се води грижа за општеството од секој аспект. Не го спонзорираме шоуто на јутјуберот Лазаров, а по емисијата во која се зборува за насилство над девојки и жени, веднаш бараме тој да го тргне нашето лого. Остануваме доследни на нашите начела и ја даваме поддршката на проекти за кои веруваме дека се општествено корисни – порача Јанчев.

Тој е првиот чија компанија јавно се огради од Лазаров. Помеѓу спонзорите истакнати кај него, има голем број на познати компании, но ниту една од нив досега се нема огласено по повод настанот кој ја бранува јавноста.