Home Вебкафе Почна BELGRADE BEER FEST – „Ортодокс Келтс“, „Освојувачи“ и „Е-Плеј“ го отворија најголемиот рок спектакл во регионот

Почна BELGRADE BEER FEST – „Ортодокс Келтс“, „Освојувачи“ и „Е-Плеј“ го отворија најголемиот рок спектакл во регионот

29/08/2025

Првата фестивалска ноќ покажа дека публиката ја очекува досега најдобрата верзија на Белград Бир Фест.

Вечерта ја обележаа настапите на главната сцена, каде што се менуваа бендови од различни генерации и музички стилови, но сите со подеднакво силна енергија.

Вистински огномет се случи кога на сцена се појавија Ортодокс Келтс – белградски бенд кој веќе три децении го носи ирскиот дух на домашната сцена. Публиката беше во транс, танцувајќи на „Star of the County Down“ и „Rocky Road to Dublin“, додека звуците на виолина и гајди одекнуваа низ Ушќе. Атмосферата експлодираше на рефренот од „Far Away“, кога илјадници гласови се споија во еден хор, потврдувајќи дека Келтите и понатаму се ненадмината атракција на фестивалите.

Подеднакво силен впечаток остави и настапот на легендарните Освојувачи. Нивните безвременски хитови како „С ким чекаш дан“, „Марија“ и „Маска“ ја подигнаа публиката на нозе, додека на „Крв и лед“ и најмладите фанови пееја во хор заедно со постарите генерации.

Свое значајно присуство вечерта имаше и белградскиот бенд Е-плеј, чиј атмосферичен и моќен звук комбинира дисторзиран бас со нежни гитари. Публиката се препушти на хипнотичниот ритам, а песни како „Диван дан“ и „Љубица“ докажаа зошто овој бенд со години ужива култен статус меѓу љубителите на алтернативната сцена.

На главната сцена настапија и Оне Пипл и Рекавер, чии изведби внесеа дополнителна енергија и разновидност во отворањето на фестивалот. Нивните свирки беа совршен вовед и поддршка за големите имиња, а публиката ги поздравуваше со аплаузи и кренати раце.

Паралелно со рок спектаклoт, Електро стејџ донесе сосема поинаква, но еднакво возбудлива атмосфера. Ањушка, едно од најголемите имиња на белградската клабинг сцена, ја внесе публиката во транс со својот препознатлив спој на инди и афро звук.

Белград Бир Фест продолжува вечерва во уште појак ритам – публиката ја очекува вистински музички спектакл со легендарните Рибља Чорба, словенечките миленици Џокер Аут, бескомпромисните Бркови и многу други изведувачи.

Новата концепција на годинашниот фестивал донесе и едно специјално изненадување за сите посетители – со купен билет пивото е бесплатно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…