Home Шоубизнис Почина Пол Ален, првиот другар на Бил Гејтс и ко-основач на гигантот Microsoft

Почина Пол Ален, првиот другар на Бил Гејтс и ко-основач на гигантот Microsoft

Другарот од детството на Бил Гејт и ко-основач на на Microsoft, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој за јавноста соопшти дека карциномот со кој еднаш веќе се бореше и го лечеше, му се вратил.

Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Microsoft во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата. И идејата за името на компанијата, била негова.

„Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели, Пол Ален“, изјави Гејтс.

Како страствен спортски навивач, Ален беше и сопственик на американските кошаркарски клубови Портланд и Сиетл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …