Home Актуелно Почина адвокатот Саво Коцарев

Почина адвокатот Саво Коцарев

На 94-години почина познатиот македонски адвокат и доајен на адвокатската дејност во Македонија, Саво Коцарев, кој активно 55 години до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија.

Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата.

 

Можеби ќе ве интересира
СРПСКА АКТЕРКА ПОЧИНА НА 21 ГОДИНА Пред 9 дена се збогува…

Плусинфо 31/01/2022
ПРОТУРКА 113 ГОДИНИ, ПА ПОЧИНА Имајте тивок живот и никого…

Плусинфо 19/01/2022
Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31.

Адвокатската комора изрази сочувство до семејството и најблиските на адвокатската легенда Коцарев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…