Home Рецепти Плазма магија: Божиќни кејк попси кои освојуваат од првиот залак

Плазма магија: Божиќни кејк попси кои освојуваат од првиот залак

Божиќните и новогодишните празници се совршени за мали, слатки изненадувања.

Ако сакате да ги израдувате дечињата или да ја украсите празничната трпеза на креативен и вкусен начин, ви предлагаме да ја комбинирате фантазијата со препознатливиот вкус на Плазма бисквитите. Овој омилен бисквит на сите генерации ќе ги воодушеви и најмалите, но и возрасните.

Оваа година за Божиќ подгответе ги популарните Cake pops од Плазма – неодоливи слатки топчиња на стапче што освојуваат на прв залак.

Состојки:

– 200 грама мелен Плазма бисквит
– 100 грама печени лешници (ситно сечкани)
– 180 грама Еурокрем
– 80 милилитри млеко
– чоколадо за готвење
– бело чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги лешниците, Плазмата и Еурокремот. Додајте го млекото и убаво соединете ги сите состојки додека не добиете компактна смеса од која лесно се формираат топчиња. Пред да почнете да ги валкате, навлажнете ги рацете. Можете да правите топчиња со големина на пинг-понг топче, или помали – според ваш вкус.

Топчињата ставете ги во замрзнувач. Кога ќе се здрват, извадете ги и прободете ги со долги дрвени стапчиња за ражничи. Потоа повторно вратете ги во замрзнувач за да се зацврстат.

Чоколадото стопете го на пареа. За декорација можете да ги потопите во бело чоколадо или едната половина да ја извалкате во темно, а другата во бело чоколадо. Вадете ги една по една од замрзнувачот, потопете ги во стопено чоколадо и поставете ги вертикално за да се исцеди вишокот. Најдобро е стапчињата да ги забодете во парче подебел стиропор.

Додека чоколадото сè уште не се стегнало, украсете ги со јадливи монистра или други празнични јадливи декорации. Потоа ставете ги во фрижидер да се зацврстат. Можете да направите Снешко Белко од нив, да ги обоите со јадливи бои, украсите со сјај и да создадете вистински блескави украси слични на оние што ги ставате на елката.

Од овие топчиња можете да направите и привлечна божиќна аранжманија – централна декорација на празничната маса. Во садот каде што сакате да ја наредите аранжманијата, ставете парче стиропор. Забодете ги стапчињата со колачите, а наоколу наредете гранчиња од елка. Вашите гости сигурно ќе бидат воодушевени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Новогодишна чоколадна торта

Чоколадна новогодишна торта Новата година доаѓа, а вие можете да ја дочекате со оваа вкусн…