
Доколку за вашиот меден месец сте избрале некоја убава егзотична дестинација ова лето, приближувањето на датумот на патување значи дека дојде време за внимателна подготовка на гардеробата – важен дел од искуството по венчавката.
Бидејќи активностите и приликите може многу да се разликуваат – од релаксирање на плажа до истражување на локалната култура – изборот на соодветна облека бара промислен пристап. Затоа денес ви предлагаме парчиња кои се удобни, го ладат телото и… секси се, бидејќи ова патување е посебно на многу начини. На медениот месец ќе ги споделите првите денови од брачниот живот со вашата сродна душа, ќе се зближите уште повеќе и ова патување ќе биде првото од многуте што следат.
Ова е всушност нов почеток за кој ќе зборувате со години – па нека биде во вистински стил!
Во галеријата погледнете кои модни парчиња мора да ги спакувате во куферот.