Home Актуелно Плаќањето рати за кредитите од граѓаните и компаниите одложено на три месеци

Плаќањето рати за кредитите од граѓаните и компаниите одложено на три месеци

Сите граѓани и приватни компании кои имаат подигнато кредити од банките во Македонија, ќе можат да го одложат плаќањето на ратите за кредитите за најмалку три месеци, додека некои банки размислувале одложувањето да биде и за шест месеци.

Уредбата треба да помине најверојатно на денешната владина седница, по што ќе се знаат сите детали за постапката. По критиките во јавноста дека Владата не го следи примерот на другите земји кои веднаш воведоа мораториум за плаќањата на обврските на граѓаните и компаниите, Ангеловска вели морале да смислат системско одржливо решение дури и во вонредни услови.

„Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за поповолните услови односно одлагањето на обврските. И доколку физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда за репрограм односно за одлагање, се смета за прифатена“.- изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…