
Ако досега никогаш не сте пробале, вистинско е време пилешкото месо во сос да се најде и на вашата трпеза – било да дочекувате гости или да уживате во семеен ручек.
Денес ви даваме идеја како да го подготвите ова превкусно јадење за најблиските.
Потребни состојки:
– еден килограм пилешки стек од бело месо
– една крем супа од печурки (во прашок)
– 250 милилитри слатка павлака за готвење
– 100 грама кашкавал
Подготовка:
Најпрво, исечете го пилешкото бело месо на многу тенки шницли. Во подлабока чинија ставете го прашокот од крем супата со печурки. Секое парче месо извалкајте го во сувата смеса од супата и редете ги во огноотпорен сад.
Прелијте со слатката павлака и посипете го ренданиот кашкавал врз нив.
Печете во загреана рерна 30 до 40 минути на температура од 220 степени Целзиусови.
Послужете го ова преубаво јадење со чаша бело вино и подгответе се за задоволни насмевки од вашите најмили. Пријатно!