Home Вебкафе Певрезен хотелски пакет аранжман: Проститутки, спа и јавање коњи во „секс ресорт“ во Колубија

Певрезен хотелски пакет аранжман: Проститутки, спа и јавање коњи во „секс ресорт“ во Колубија

Бордел во Колумбија се наметнува на сместувачко-угостителскиот светски пазар со неговата уникатна и несекојдневна понуда како „секс ресорт“.

The Good Girls Sex Resort во Кали, Колумбија, нуди пакет аранжманска понуда за типично и конвенционално летно искуство, но гостите, исто така, можат и да си резервираат и некоја од „локалните жени“ за вечерна забава.

Гостите кои ќе резервираат сместување во овој ресорт добиваат типични активности за еден одмор како јавање коњи и играње голф, но можат да добијат и секс  и собни услуги од ескорт дамите. Цените на пакет аранжманите се движат од 599 до 1.499 долари.

Пораки на нивниот вебсајт порачуваат: „Good Girls е ресорт каде можете да бидете придружувани од најубавите латино жени, кои ќе бидат ваши ангели чувари колку што сакате вие“; „Во Good Girls нашата цел е вашите фантазии да ги претвориме во реалност“; „Вашите придружнички ќе ви удоволат и третираат како крал“.

Инаку, за 300 долари до вечер, како гости можете да добиете бесплатна храна и пијалоци, приватна вила, пристап до забави и тури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …