Петочна временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последниот октомвриски петок во Македонија носи сончево време со слаб умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.

Максималните дневни температури че достигнат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 14, Битола, Крива Паланка и Берово 15, Кавадарци 17, Дојран 19.

Утре времето во цела Македонија ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено на југозападот. Дневните температури ќе се движат од 12 до 20 степени.