Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот ноемвриски петок времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид и Битола 11, Крива Паланка и Берово 7, Кавадарци 13, Дојран 14.

Утре утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…